Пејачката легенда Жељко Бебек неколку години е скаран со некогашниот соработник Горан Бреговиќ. Овој пат тој без влакна на јазикот кажа што мисли за него.
„Горан е балкански примитивец на кого парите му се сè во животот и многу му е важен. Тој ја свири шупечкана музика што воопшто не ми одговара. Сака сè да добие бесплатно, па ете, сега неговиот тим се обидува со пласирање на приказната дека ќе пеам во Загреб да направи добра реклама за концертот. Зошто јас би му пеел бесплатно? Мислам, тој би ми платил нешто, но тоа не е ни приближно до мојата вредност. Тој си го има Ален Исламовиќ, кој не работи, нема настапи, ниту концерти, па се држи за Горан како слеп за стап, само за да преживее. Не е важно колку ќе му плати, само да капне нешто. Ист е случајот и со Тифа. И двајцата му се натртиле на Горан за 200 марки или евра, но мене тоа не ми треба. Тоа се типични балкански трачеви, со кои јас не сакам да си имам работа“, пренесува „Курир.рс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бреговиќ без „задршки“ за дрогата, алкохолот, порно филмот…
-
Имате најдобар сосед кој утре пука во вас, бидејќи сте друга вера – Бреговиќ ја објасни бесмисленоста на војната!
-
Бреговиќ: Татко ми е католик, мајка ми Србинка, а жената муслиманка. На кого требаше да пукам?
-
„Фрајле“ специјални гости на концертот на Жељко Бебек