| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците сакаат да одат на работа во 7:30, да заминуваат во 15:30 часот

rabotno vreme

Македонците сакаат работното време да им започне во 7:30 минути, а со работни обврски да завршат во 15:30 минути. Дури 63 отсто од оние кои одговориле на анкетното прашање на Република сметаат дека ова е идеално работно време.

До­бро би би­ло ра­бот­но­то вре­ме би­де од 7 ча­сот на­у­тро, или по­ло­ви­на час по­доц­на, да за­ми­нам од ра­бо­та око­лу 15 ча­сот, де­нот да е пред ме­не, да стиг­нам во гра­дин­ка да го зе­мам де­те­то, да имам вре­ме да по­ми­нам со не­го – ова е ед­но од мис­ле­ња­та што ќе ги слуш­не­те ко­га лу­ѓе раз­го­ва­ра­ат за тоа ко­га би са­ка­ле да за­ми­нат на ра­бо­та.

Седумнаесет отсто од оние кои одговориле на анкетното прашање се за флексибилно работно време – по избор на работникот тој да доаѓа на работа во периодот од 7:30 до 9:00, а да заминува од работа во периодот од 15:30 до 17:00, зависно од тоа кога пристигнал на работното место.

Само 20 отсто се да остане работното време како што е, односно тоа да започнува од 8:30 или 9:00, а да завршува во 16:30, односно 17:00.

[poll id=”151″]

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top