| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ во очај – ја извртува мерката на Владата за куќите за млади лица

jani-makraduli

Опозиционата СДСМ во очај ја извртува новата мерка што вчера ја објави владата – Купи куќа за млади. По прес-конференцијата на премиерот Никола Груевски на која беше објавено дека ќе има нови поволности за младите лица до 35 години што сакаат да се здобијат со нов дом, СДСМ се обиде да манипулира јавноста посочувајќи дека ретко кој млад Македонец ќе ги исполни условите за новата мерка зашто ретко кој поединец прима плата што е повисока од 900 евра.

Се работи за целосна дезинформација, со оглед дека мерката се однесува на луѓе кои имаат примања до 900 евра за поединец или 1300 евра за брачни другари.

Очаен беше обидот на СДСМ и лажливите членови да манипулира со јавноста и да го понижи проектот на Владата. СДСМ со организирани активности на фејсбукб и по портали кои важат блиски до опозицијата се обидуваа на очаен начин да ја извртат мерката на Владата. Но нивната лага брзо беше демантирана.

Изгледа Груевски, Ставрески и Пешевски ја тестирале марихуаната пред пресот за кредити за куќа за лица до 35 години. Услов било мажот и жената да земаат заедно плата над 1.300 евра. Ало бе, нормални сте или од дувањето Ви е? Башка знаеле дека поише деца се правеле у куќа отколку во стан. Аман, баталете дување, земете класична терапија… – напиша Јани Макрадули.

jani-pПо ова вчера порталот „Курир“ запраша: Што пуши Јани Макрадули?

-Што пуши Макрадули за вака јавно да се бламира не е познато, но очигледно е дека поранешниот пратеник на СДСМ е во голема заблуда – коментира порталот.

Порталите кои ја пренесоа информацијата според желбите на СДСМ сфатија дека лагата им е пробиена. Очигледно деструкцијата и лажењето остануваат да бидат главните одлики на оваа партија во недостиг на конкретни проекти и вистинска програма. По социјалните мрежи се коментира дека ако владата вака продолжи СДСМ по 24 април може да стане и вонпарламентарна партија.

На кого всушност се однесува проектот Купи куќа за млади:

-индивидуалци кои имаат ПОМАЛКУ од 900 евра приход (значи и лица со примања по500,и 620,и 780,и 440 и 325 евра месечно и имаат до 35 години влегуваат меѓу оние кои можат да добијат субвенции.)
-за брачни другари каде бареме дниот не е постар од 35 годиниа, приход на двајцата вкупно е ПОМАЛКУ од 1300 евра (без разлика дали е 890,и 680,и 1250 евра)

Тоа значи дека најголем дел од популацијата во Македонија влегува во категоријата која може да се јави како барател на субвенција во проектот Купи куќа за млади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top