| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба „Уметниците во чест на Св. Никола“ во Прилеп

Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, вечерва (петок,18 декември), со почеток во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Уметниците во чест на Св. Никола“.

Станува збор за традиционалната изложба што се реализира по повод патрониот празник на Прилеп, Св. Никола.

Уметници од цела Македонија и НУ Завод и Музеј – Прилеп ќе се претстават со дел од своето богато творештво посветено на Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски и на други светители.

Пред љубителите на ликовната уметност ќе биде презентирано автентичното творештво на иницијаторот на манифестацијата Драги Хаџи Николов од Гевгелија, на нашите сограѓани Благоја Атанасоски, Марта Макеска, Драган Верговски Алпи, Биљана Бинчев, Александар Џинго, Методиј Исков, Џулијано Лауцовски Верговски, Наде Тоскоска, Михајло Ристески, Верче Николоска и Марија Ѓорѓиоска, на Павле Кузмановски од Тетово, Валентина Илијевска од Куманово, Ангелина Попоска, Новица Трајковски и Стојмир Стојанов од Скопје, Оливера Макриевска, Златко Лечковски и Соња Лечковска, Славица Михаилова од Битола и охриѓанецот Ванчо Димоски.

Изложбата годинава се реализира во соработка со општина Прилеп и домаќинот Тутунски комбинат А.Д. – Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top