| четврток, 6 декември 2018 |

Во фокусот на Спасовски е да се скрие фалсификаторот?

Ако по­сто­јат ин­ди­ции де­ка из­во­рот на фал­си­фи­ку­ва­ни­те лич­ни кар­ти со кои се­га СДСМ твр­ди де­ка е на­пра­ве­на из­бор­на ма­ни­пу­ла­ци­ја, што истра­га­та го не­ги­ра, го но­си исти­от „пот­пис“ на афе­ра­та со пат­ни­те ис­пра­ви пред точ­но ед­на го­ди­на; то­гаш не смее да се доз­во­ли овој пат се­то ова да по­ми­не не­каз­не­то. Но, да­ли по нај­а­ви­те и лич­ни­те жел­би на Спа­сов­ски и овој слу­чај да „за­вр­ши“ кај Спе­ци­јал­но­то об­ви­ни­телс­тво, се­гаш­ни­от не­гов молк откри­ва де­ка ра­бо­та­та трг­на­ла во друг пра­вец?

Да ба­ра­ше „Ре­пуб­ли­ка“ став од два­та пар­ти­ски цен­тра, па да до­би­е­ше спро­тив­ста­ве­ни од­го­во­ри, ра­бо­та­та ќе бе­ше раз­бир­ли­ва. Но, во раз­го­вор со пр­ви­от тех­нич­ки ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти да се до­би­јат од­го­во­ри на пра­ша­ња, за вед­наш по­тоа, во втор раз­го­вор, овој пат со за­ме­ни­кот, дов­че­раш­ни­от ми­ни­стер, да до­бие со­се­ма спро­тив­ни , но це­лос­ни од­го­во­ри, „истра­га­та“ во­ди кон мно­гу по­су­штин­ски пра­ша­ња за функ­ци­о­ни­ра­ње­то на чел­ни­кот на МВР.

– Сѐ уште ве­шта­че­ње­то не е за­вр­ше­но до крај – од­го­во­ри Спа­сов­ски, кој до­да­де де­ка за да знае до ка­де е ве­шта­че­ње­то ќе мо­ра да про­ве­ри во Од­де­лот за ор­га­ни­зи­ран кри­ми­нал. На пра­ша­ње­то – кон­ста­та­ци­ја­та де­ка мол­кот трае пре­дол­го зе­мај­ќи ги пред­вид по­со­чу­ва­ња­та од струч­ња­ци­те де­ка слу­ча­јот мо­же да се раз­јас­ни за најм­но­гу не­кол­ку де­на, Спа­сов­ски од­го­во­ри отсеч­но:

– Ка­ко што се до­би­ва­ат ре­зул­та­ти­те, та­ка ќе ги об­ја­ву­ва­ме – ве­ли за „Ре­пуб­ли­ка“ тех­нич­ки­от ми­ни­стер и ге­не­ра­лен се­кре­тар во СДСМ.

 

Кусо интервју со Спа­сов­ски

Ре­пуб­ли­ка: Кол­ку се точ­ни об­ја­ве­ни­те ин­фор­ма­ции де­ка ве­шта­че­ње­то е за­вр­ше­но и де­ка та­ка­на­ре­че­ни­те фал­си­фи­ку­ва­ни лич­ни кар­ти не се пу­ште­ни во про­мет?
Спа­сов­ски: Ве­шта­че­ње­то сѐ уште не е за­вр­ше­но до крај.

Ре­пуб­ли­ка: До ка­де е?
Спа­сов­ски: Тоа мо­ра да се про­ве­ри, да го до­би­е­ме из­ве­шта­јот од Од­де­лот за ор­га­ни­зи­ран кри­ми­нал за да ви­ди­ме што- ка­ко.

Ре­пуб­ли­ка: Вие го нај­а­ви­те ка­ко при­о­ри­те­тен, но дол­го трае мол­кот.
Спа­сов­ски: Ка­ко се до­би­ва­ат ре­зул­та­ти­те, та­ка ќе ги об­ја­ву­ва­ме.

Ре­пуб­ли­ка: Струч­ња­ци и ва­ши ко­ле­ги по­со­чу­ва­ат де­ка тоа се рас­чи­сту­ва мно­гу бр­гу, за еден ден.
Спа­сов­ски: Тоа ис­пи­ту­ва­ње трае за­тоа што тоа не е ма­ла ак­ци­ја ка­ко што мис­ли­ме ние.

Ре­пуб­ли­ка: До вас се до­ста­ве­ни са­мо 105 лич­ни кар­ти, не­ма ни­што од тој по­го­лем број што бе­ше спо­ме­нат?
Спа­сов­ски: Не знам јас кој спо­ме­нал, јас знам што е до­ста­ве­но ка­ко при­ја­ва во МВР.

Ре­пуб­ли­ка: Ко­ле­ги­те од „Фо­кус“ об­ја­ви­ја…
Спа­сов­ски: Тоа нив ќе ги пра­ша­те, не знам јас што има­ат и ка­ко има­ат, јас знам тоа што е до­ста­ве­но ов­де.

Ре­пуб­ли­ка: Ко­га мо­же да оче­ку­ва­ме ре­зул­тат, ко­га ќе за­вр­ши истра­га­та?
Спа­сов­ски: Ко­га ќе за­вр­ши истра­га­та!

 

Пра­ша­ње­то е зо­што Спа­сов­ски, кој бом­ба­стич­но ја нај­а­ви истра­га­та за овој слу­чај, мол­чи и ве­ли де­ка „истра­га­та е во тек“. За раз­ли­ка од тех­нич­ки­от ми­ни­стер во МВР, Ми­тко Ча­вков, кој, па­тем, на днев­на ба­за е ин­фор­ми­ран со на­пре­ду­ва­ње­то со истра­га­та и ги по­со­чи на­о­ди­те од до­се­гаш­на­та истра­га.

– Од­го­во­ре­но е на клуч­но­то пра­ша­ње, кое е нај­су­штин­ско во овој слу­чај, што бе­ше по­диг­на­то на мно­гу ви­со­ко ни­во и тоа од стра­на на ми­ни­сте­рот. Зна­чи од­го­во­ре­но е на клуч­но­то пра­ша­ње со кое се са­ка­ше да се да­де од­го­вор на јав­но­ста да­ли овие фал­си­фи­ку­ва­ни лич­ни кар­ти се упо­тре­бе­ни во из­бор­ни­от про­цес. Тие не се упо­тре­бе­ни во из­бор­ни­от про­цес. Утвр­де­но е де­ка е укра­ден иден­ти­тет на мно­гу ли­ца, но про­вер­ки­те во ДИК и во За­во­дот за ста­ти­сти­ка по­ка­жаа де­ка овие ли­ца не по­сто­јат на из­би­рач­ки­те спи­со­ци. Овие по­да­то­ци, ли­ца со адре­си на жи­ве­е­ње, не по­сто­јат на из­би­рач­ки­те спи­со­ци спо­ред адре­са на жи­ве­е­ње. Не по­сто­јат и со тоа се ели­ми­ни­ра те­за­та де­ка, на­вод­но, се кре­и­ра­ни фал­си­фи­ку­ва­ни лич­ни кар­ти за из­бор­ни­те про­це­си за из­бор­ни­те це­ли – ве­ли Ча­вков.

Зо­што Спа­сов­ски, кој ка­ко ми­ни­стер го нај­а­ви слу­ча­јот ка­ко при­о­ри­те­тен, мол­чи за ре­зул­та­ти­те од истра­га­та, кои се оче­ку­ва­ше да ги об­ја­ву­ва че­кор по че­кор, од­нос­но да ја за­поз­на­ва јав­но­ста за се­кој нов мо­мент од неа? Уште по­го­лем фо­кус на не­го­во­то пре­мол­чу­ва­ње е фа­ктот што во јав­но­ста ве­ќе беа пу­ште­ни ин­фор­ма­ции, кои вед­наш по­тоа ги по­твр­ди не­го­ви­от за­ме­ник?

Ако не­кој по­мис­ли де­ка се ра­бо­ти за не­о­ткри­ва­ње де­та­ли за да не дој­де до на­ру­шу­ва­ње на истра­га­та, Спа­сов­ски и са­ми­от уште кон кра­јот на ми­на­ти­от ме­сец во те­ле­ви­зи­ско ин­терв­ју истак­ну­ва­ше ре­зул­та­ти од ве­шта­че­ње­то – за ква­ли­те­тот на хар­ти­ја­та и за пе­ча­те­ње­то де­ка ука­жу­ва на тоа де­ка се ра­бо­ти за фал­си­фи­кат, де­ка е на­пра­ве­на про­вер­ка што по­ка­жа­ла де­ка по­сто­јат ли­ца­та на­ве­де­ни на до­ку­мен­ти­те, де­ка би­ле из­да­де­ни за Штип, Ку­ма­но­во, Го­сти­вар, де­ка оче­ку­ва на­ско­ро да за­вр­ши ве­шта­че­ње­то за ДНК-ана­ли­зи­те и дру­ги за­фа­ти.

Во ин­терв­ју­то по­со­чу­ва и де­ка е во „по­сто­јан кон­такт и ко­му­ни­ка­ци­ја со си­те“ про­фе­си­о­нал­ци што ра­бо­тат на слу­ча­јот, но ток­му де­нот или, по­точ­но, де­но­ви­те ко­га из­ле­гоа ин­фор­ма­ци­и­те де­ка лич­ни­те кар­ти не се ко­ри­сте­ни во из­бор­ни це­ли, од­нос­но де­ка не се упо­тре­бе­ни ни­ка­де, за ни­ед­ни це­ли, не би­ле во про­мет – по­ра­ди што, спо­ред по­ли­ци­ја­та – и не­ма фал­си­фи­кат, токму тогаш немаше информации.

Но то­гаш Спа­сов­ски по­со­чи и што е цел­та на истра­га­та – слу­ча­јот да за­вр­ши во Спе­ци­јал­но­то јав­но об­ви­ни­телс­тво. Ду­ри, по­со­чи де­ка тоа и лич­но го оче­ку­ва. И во на­ста­пот од со­бра­ни­ска­та го­вор­ни­ца се по­ви­ка на прис­лу­шу­ва­ни­те ма­те­ри­ја­ли, ду­ри спо­ме­ну­вај­ќи и кон­крет­но име, од по­зи­ци­ја тех­нич­ки ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти пра­шан до ка­де е истра­га­та.

На исти­те „раз­го­во­ри“ или на дел од раз­го­вор што не трае по­ве­ќе од 18 се­кун­ди, се по­ви­ка и во те­ле­ви­зи­ско­то ин­терв­ју, ко­га ги по­вр­за прис­лу­шу­ва­ње­то и афе­ра­та со лич­ни­те кар­ти ка­ко „афе­ра што се на­ве­сти со про­е­ктот ’Ви­сти­на­та за Ма­ке­до­ни­ја‘… таа афе­ра по­ле­ка, но си­гур­но се раз­о­ткри­ва”.

Имај­ќи го се­то ова пред­вид, мол­кот, по­со­чу­ва­ње­то на не­до­стиг од ин­фор­ма­ции за тоа до ка­де е истра­га­та, ку­си­те и отсеч­ни од­го­во­ри де­ка ќе се из­јас­ни „ко­га ќе за­вр­ши истра­га­та“ без да на­ве­де ба­рем приб­лиж­на вре­мен­ска рам­ка – е не­својс­твен ма­нир во ку­си­от ми­ни­стер­ски ман­дат на Спа­сов­ски. Зо­што ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на СДСМ во својс­тво на тех­нич­ки ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти да­ва­ше из­ја­ви за истра­га­та, зак­луч­но со тоа де­ка ќе се ис­пи­ту­ва­ат по­да­то­ци­те од ДИК и од За­во­дот за ста­ти­сти­ка, а се­га ко­га стиг­наа тие по­да­то­ци, за­мол­чи?

 

Личните карти  и пасошите со ист белег?

Мно­гу по­ве­ќе е симп­то­ма­тич­но, одо­што слу­чај­ност и игра на суд­би­на, тоа што во ист пер­и­од од го­ди­на­та, пре­ку ист вес­ник, до ист автор во тој вес­ник, не­и­ме­ну­ван из­вор до­ста­ву­ва „твр­де­ња“ за фал­си­фи­ку­ва­ни би­о­ме­три­ски до­ку­мен­ти. Ла­ни во исти­от пер­и­од, со исти­от раз­ра­бо­тен тек за фр­ла­ње сом­неж на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти, еден не­дел­ник фи­нан­си­ран од глав­ни­те фи­нан­си­е­ри на опо­зи­ци­ја­та, кој се­га ја отво­ри афе­ра­та за фал­си­фи­ку­ва­ни лич­ни кар­ти, ја отво­ри афе­ра­та за фал­си­фи­ку­ва­ни па­со­ши. И то­гаш из­во­рот на ин­фор­ма­ци­ја­та и на ви­де­ос­ним­ка­та за фа­моз­на­та „фа­бри­ка“ оста­наа ми­сте­ри­ја, за­ед­но со си­те дру­ги ин­фор­ма­ции што би мо­же­ле да по­мог­нат во истра­га­та.

Овој пат, афе­ра­та за лич­ни­те кар­ти, пре­ку истра­ги­те што се во­дат, мо­ра да од­го­во­рат и на уште две мно­гу важ­ни пра­ша­ња- кој и зо­што го има на­пра­ве­но тоа? Фа­кти­те го­во­рат де­ка е укра­ден иден­ти­тет на мно­гу ли­ца, кои, по про­вер­ки­те во Др­жав­на­та из­бор­на ко­ми­си­ја и во За­во­дот за ста­ти­сти­ка, не по­сто­јат на из­би­рач­ки­те спи­со­ци.

Ча­вков по­со­чу­ва на ин­ди­ции за по­вр­за­ност на два­та слу­ча­ја, од­нос­но од­го­во­рот на кој и зо­што ќе би­де во ко­ре­ла­ци­ја со афе­ра­та за пат­ни­те ис­пра­ви, ко­ја на вре­ме­то бе­ше об­ја­ве­на од иста­та ре­дак­ци­ја.

– Има ин­ди­ции што ука­жу­ва­ат де­ка овие два слу­ча­ја се по­вр­за­ни, пат­ни­те ис­пра­ви и лич­ни­те кар­ти, та­ка што со тоа рас­чи­сту­ва­ње на два­та слу­ча­ја ќе пад­не во во­да и кон­струк­ци­ја­та што са­ка­ше да се на­мет­не во јав­но­ста – по­со­чу­ва Ча­вков.

Во вре­ме­то на афе­ра­та со па­со­ши­те ми­ни­стер­ка во МВР бе­ше Гор­да­на Јан­ку­лов­ска. Спо­ред неа, две­те при­каз­ни, за па­со­ши­те и за лич­ни­те кар­ти, не се слич­ни, ту­ку се – иден­тич­ни. Исти­от ре­жи­сер, исто­то сце­на­рио, исти­те акте­ри и, ве­ро­јат­но, исти­те из­вр­ши­те­ли.

– То­гаш не до­ста­ви­ја ма­те­ри­ја­лен до­каз, ни­ка­де во пра­вен про­мет не се по­ја­вил та­ков до­ку­мент, ни­кој не го ви­дел, а се твр­ди де­ка има фал­си­фи­кат. За да по­твр­диш де­ка има фал­си­фи­кат, мо­ра да го ве­шта­чиш до­ку­мен­тот – ве­ли Јан­ку­лов­ска.

Об­јас­ну­вај­ќи ги би­о­ме­три­ски­те до­ку­мен­ти и ни­во­то на за­шти­та, Јан­ку­лов­ска по­тсе­ту­ва де­ка обрас­ци­те не се изра­бо­ту­ва­ат во Ма­ке­до­ни­ја, де­ка се на­ба­ву­ва­ат од странс­тво и де­ка се­кој до­ку­мент има раз­ли­чен број на за­шти­ти. Та­ка, 105-те до­ста­ве­ни до­ку­мен­ти мо­же да се про­ве­рат за еден час, об­јас­ну­ва по­ра­неш­на­та ми­ни­стер­ка.

– Не ми е јас­но зо­што мол­чи Оли­вер Спа­сов­ски, тех­нич­ки­от ми­ни­стер. Тој ја отво­ри афе­ра­та, а се­га го сне­ма. Не­го на днев­на ос­но­ва го ин­фор­ми­ра­ат, а ова го нај­а­ви ка­ко би­тен пред­мет. Ова не е не­што што се слу­чу­ва во не­кое по­ли­ци­ско од­де­ле­ние, то­гаш мо­же и да е раз­бир­ли­во, не мо­же ми­ни­сте­рот да знае за се­ко­ја сит­ни­ца. Но, ова е пред­мет што е при­о­ри­те­тен и тој го откри. При­род­но е, ако те ин­те­ре­си­ра пред­ме­тот, да ба­раш ин­фор­ма­ци­ја, тоа е и пра­во, но и об­вр­ска – ана­ли­зи­ра Јан­ку­лов­ска.

Да­ли оче­ку­ва раз­реш­ни­ца? Се­ка­ко, до­да­ва Јан­ку­лов­ска, ко­ја со го­ди­ни го ра­ко­во­де­ше Ми­ни­стерс­тво­то за вна­треш­ни ра­бо­ти.

– Мо­ра да има раз­реш­ни­ца. Таа раз­реш­ни­ца мо­ра да би­де по­ра­ка и за СДСМ и за си­те де­ка не мо­же да си игра­ат „Хо­ли­вуд“ ко­га ќе им тек­не. На кра­јот на кра­и­шта­та, и до­ма на пе­ча­тач не­кој да ис­пе­ча­тил лич­ни кар­ти, мо­ра да од­го­ва­ра. По­себ­но за ва­кво сце­на­рио, со кое се кре­и­ра не­до­вер­ба во ин­сти­ту­ци­и­те – очекува Јанкуловска.

Игра­ње­то „Хо­ли­вуд“ во Ма­ке­до­ни­ја, осо­бе­но ка­ко сце­на­рио за ури­ва­ње на ин­сти­ту­ци­и­те, за не­ги­ра­ње на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти, за на­ру­шу­ва­ње на вкуп­на­та до­вер­ба кон др­жав­ни­от апа­рат, е сце­на­рио на кое опо­зи­ци­ја­та игра по­долг пер­и­од. Се­га, ко­га ток­му опо­зи­ци­ја­та „сед­на“ во МВР, дек­ла­ра­тив­но „за вра­ќа­ње на до­вер­ба­та кон ин­сти­ту­ци­и­те“, мол­кот од Спа­сов­ски це­лос­но оди во спро­тив­на на­со­ка.

„Ре­пуб­ли­ка“, кон кра­јот на август ана­ли­зи­ра­ше де­ка „тех­нич­ки­от ми­ни­стер од СДСМ… ќе ја има исто­ри­ска­та шан­са да би­де прв ми­ни­стер на по­ли­ци­ја од акту­ел­на­та опо­зи­ци­ја што би по­ми­нал ‘чист’ “. „Кој и да сед­не по из­бор на СДСМ на тоа ме­сто во­оп­што не­ма да има лес­на за­да­ча. Да се со­о­чи со пар­ти­ски­от при­ти­сок, да се со­о­чи со за­ме­ни­к-ми­ни­сте­рот, кој ќе има пра­во на ве­то, да ус­пее пред сво­и­те по­дре­де­ни да се на­мет­не за­се­ну­вај­ќи го ли­кот на нас­ме­а­ни­от За­ев од Ку­ма­но­во, да се со­о­чи со по­ли­ци­ски­те служ­бе­ни­ци што беа те­па­ни од СДСМ… Се чи­ни де­ка од 20 октом­ври, во МВР ќе про­дол­жи ни­за­та афе­ри што ги сле­дат ми­ни­стри­те за вна­треш­ни ра­бо­ти од СДСМ; та би­ло тоа да се крај­но кри­ми­нал­ни на­ба­вки со ми­ли­он­ски су­ми, ис­чез­ну­ва­ње ки­ло­гра­ми дро­га од де­по­то, убис­тва на по­ли­ци­ски служ­бе­ни­ци, вла­де­е­ње на оруж­је­то, из­бор­ни те­пач­ки и убис­тва, до за­бо­шо­те­ни истра­ги…“ (Не­дел­ник „Ре­пуб­ли­ка“ бр.154)

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 171. број на неделникот „Република“, 11.12.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top