Вечерва, 17 декември, во 20 часот, во галеријата за современа уметност Flux ќе биде отворена 7-та самостојна изложба на академскиот уметник Горан Менков.
Со оваа поставка под наслов „Што е потребно да се постане дијамант?“ авторот се доближува до големите нарации, предизвикувајки го апсурдот, трансендентирајки ги разликите мегу формите суштински еднакви, Дијамантот и Графитот, кои се во основа само две варијации на еден елемент, Јаглерод- темелот на сиот знаен живот.
Дијамантот е најцврстиот материјал познат на човекот, низ целиот овој процес се доаѓа до одговорот на веќе поставеното прашање кое општо познат но често заборавен- потребно е притисок и трпение за да се постане дијамант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.