Ракометарите на Вардар забележаа минимална победа на гостувањето во Словачка против Татран во регионалната СЕХА лига. На средбата одиграна попладнево во Прешов, македонскиот шампион до десеттиот триумф сезонава во СЕХА конкуренцијата стигна со победата од 28:27 , полувреме 15:14 за црвено-црните.
Во редовите на Вардар Лика Циндриќ и Сергеј Горбок постигнаа по 6, а Дејан Мансаков и Мијајло Марсениќ по четири гола.
Со оваа победа Вардар се зацврсти на врвот на табелата со 31 бод, и сега има четири повеќе од екипата на ППД Загреб, но хрватскиот првак има одиграно два натпревари помалку.
Следниот натпревар Вардар ќе го одигра веќе во четврток (17 декември) кога пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански’’ во Скопје, го пречекува претпоследно пласираниот тим Спартак. Ова ќе биде и последниот меч за црвено-црните во календарската 2015 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.