| четврток, 6 декември 2018 |

Зачин од кој ќе ослабете до 15 килограми за три месеци!

kim

Најдобриот начин да ослабете е да го забрзате метаболизмот. Постојат природни намирници што го забрзуваат, а притоа не мора да се одрекувате од храната, туку само да ги промените зачините.

Гладувањето никогаш не бил најдобриот избор за слабеење. Килограмите лесно се топат кога правилно ги комбинирате намирниците и кога користите состојки кои природно го забрзуваат метаболизмот.

Научниците од Универзитетот за медицински науки во Иран формирале две групи, а секоја од нив се состоела од 44 жени со вишок килограми.

Во текот на три месеци овие две групи биле советувани за здрава исхрана и им било направено мени според кое внесувале по 500 калории помалку на дневна основа.

Првата група испитаници за тоа време јаделе ким во прав измешан со 140 мл јогурт. Втората група жени консумирале иста количина јогурт, но без овој зачин.

По три месеци, жените од првата група кои консумирале ким во прав изгубиле околу 14 килограми наспроти испитаничките од втората група кои пиеле само јогурт.

Спроведеното истражување сѐ уште импресионира кога ќе се земе предвид и податокот дека учесничките од првата група изгубиле 14,64 проценти повеќе масти од оние од втората група, кои изгубиле само 4,91 проценти масти.

Важната причина поради која жените губеле во тежина е поради состојките што ги содржи кимот, а тоа се филостероли, растителна хемикалија позната по нејзината способност да го оневозможува задржувањето на холестеролот во телото.

Научниците сметаат дека поради тоа кимот има способност да го забрзува метаболизмот.

Ако сакате да го пробате овој зачин не мора да го додавате во јогурт, едноставно можете да го додадете во кое било јадење. Зачините лесно се мешаат и го подобруваат вкусот на јадењата.

Извор: НМД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top