| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Јана Луловска во МКЦ

В четврток, на 17 декември во Галерија МКЦ со почеток од 20 часот ќе се отвори изложбата на Јана Луловска, под наслов „Корелација“.
Јана Луловска е родена 1986 година во Скопје. Завршила Уметничка и приложна фотографија на Националната академија за театарска и филмска уметност “Крсто Сарафов” во Софија, Бугарија.
48639f7e-20f7-4f06-be1c-daff687d5dda
„Првата самостојна изложба на збирката фотографии на младата авторка Јана Луловска под наслов „Коре­лација“, се состои од дваесет диптиси, генерирани од и посветени на балкански­от пејзаж. Низ овој жанр, како и низ кори­стењето на  старата класична и некогаш попу­ларна благородна техника гумити­пија, Луловска се обидува  во ерата на сеоп­шта­та дигитализација/виртуализација, низ реактуализација на оваа техника да си ја овоз­можи, пред сè креативната слобода, која сe тeмели нa телесната слич­ност на зна­кот и на објектот што го третира“ вели Конча Пиркоска.
1761877e-f52e-4d69-84bc-d547e6bc9591
„Делата на Јана се комбинација на фигурација и апстракција – меѓу сонот и јавето, телото и духот. Меѓу тоа како изгледа светот околу нас и неговата флуктуација на визуелните перцептори. Формите што се конзумирани од емпиријата на авторката се телесни и скоро опипливи, истовремено се и изненадувачки бестелесни и имагинарни. Во делата забележуваме интезивност, а интезивноста е техника и приод кон сликарството, кој уметникот сака да го потенцира. Јана го предочува дуализмот на природата: небо – земја, земја – вода, вода – небо. Нејзините пејзажи се во лиричен и минималистички стил, хоризонтот е основа на композицијата и ја претставува  границата на врската меѓу елементите. Живее во време во кое глобално преовладува дигиталната фотографија и поради тоа  чувствува потреба да се наврати на старите фотографски техники што се во изумирање. Нејзината крајна цел е да го поттикне гледачот (соучесник) да размислува  за дуализмот во природата, моралното прашање за создавање копии на оригиналот и дигиталната инвазија. Накратко, Луловска низ својот опус се стреми кон ослободување и катарза и ја праќа таа порака кон сите нас, вели во рецензијата Горјан Ѓорѓиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top