Во среда, на 16 декември 2015 година, со почеток во 20.30 часот, во Кинотека на Македонија ќе се одржи проекција на документарно-поетскиот омаж „Брод тргнат кон немерливото“, посветен на Игор Исаковски, поет, преведувач и издавач, кој ненадејно почина на крајот на минатата година. Иако замина на само четириесет и четири години, Игор зад себе остави шеснаесет издадени книги, од кои десет се збирки поезија.[…] Тој не беше само плоден автор, неуморен преведувач од англиски, српски, хрватски, босански, тој беше и основач на културната институција и издавачка куќа „Блесок“. Игор беше идејниот творец на електронското списание “Блесок“, едно од најстарите електронски списанија за култура во Европа, преку кое, пионерски и визионерски, ја ширеше македонската култура низ светот, а светската култура ја носеше во Македонија.
После проекцијата на филмот, како посвета на Игор, ќе биде отворена и изложба на фотографски портрети „Црно-бело во квадрат“ на познати македонски и странски автори од повеќе области на уметностите.Автор на филмот и изложбата е Сашо Димоски. Во филмот посветен на Исаковски учествуваат: самиот Игор, Тони Димков, Јовица Ивановски, Тихомир Јанчовски и Елизабета Баковска. Музичката илустрација е на Горан Трајкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.