| четврток, 6 декември 2018 |

Oмаж по повод 85 години од раѓањето на поетот и академик Анте Поповски

Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица вечер ќе се одржи омаж по повод 85 години од раѓањето на поетот и академик Анте Поповски (1931­ 2003).

Станува збор за мултимедијален настан на кој за поетовото творештво ќе говори универзитетскиот професор Кристина Николовска. За ликот и делото на Анте Поповски, исто така, свои видувања ќе изнесат и авторите од Струмица Иван Котев и Митко Гогов, како и професорот во струмичката гиманзија, Павле Стојанов. Ќе биде поставена изложба на фотографии од Анте Поповски, како поет и општественик, и ќе бидат прикажани извадоци од документарен филм за авторот.

Во чест на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Поповски, на почетокот на 2016 година беше објавен и промовиран во Културно­-информативниот центар на РМ во Софија избор од неговата поезија на бугарски јазик, насловен „Звезден корен“, и се одржа чествување на поетот во Друштвото на писателите на Македонија. Во рамки на „Охридско лето“ беше прикажан играниот филм „Планината на гневот“, работен по сценарио на Анте Поповски, а ликовниот уметник Живко Поповски Цветин имаше ликовен хепенинг во Лазарополе ­ родното село на Поповски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top