| четврток, 6 декември 2018 |

На роденденот на Игор Исаковски се читаше негова поезија

Вчера (19 септември)  по повод роденденот на својот основач Игор Исаковски, културната установа „Блесок“ организираше читање на неговата поезија во кафулето „Концепт 37“.
Стихови на Игор читаа: Елизабета Баковска, Славица Диневска, Биљана Јордановска, Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Тихомир Јанчовски, Ѓоко Здравески и Владимир Мартиновски.
На читањето можеа да се купат и книгите на Игор, а приходот од продажбата ќе се донира на здружението на еднородителски семејства „Една може” .

-За сите кои не стигнаа вчера на читањето – книгите на Игор сѐ уште се во „Концепт 37“. Со купувањето донирате на Здружението на еднородителски семејства „Една може“. Книгите можете да ги купите до 23 септември – велат од „Блесок“.

Ова е филмот посветен на Исаковски, а режијата, сценариото и музиката се на Сашо Димоски.

-Да зборуваме за Игор, да ги читаме неговите стихови и да ја слушаме музиката која ја сакаше – велат организаторите.

фото: Сашо Димоски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top