На 28, 29 и 30 декември во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се случат премиерните изведби на првиот лиценциран мјузикл во Македонија „Чикаго“.
Ова ќе биде втора грандиозна претстава за оваа година во МНТ по изведбата на „Мајсторот и Маргарита“ во режија на Иван Поповски.
Во мјузиклот учество имаат околу 70 актери, а е копродукција на Македонскиот народен театар и на Македонската опера и балет.
– Убедена сум дека на 28, 29 и 30 декември, сите заеднички ќе може да проследиме еден вистински музичко-сценски спектл, кој на сцената ќе понуди многу визуелни ефекти и повеќе од 70 талентирани театарски и музички изведувачи, балетски и оперски солисти од овие установи и од Факултетот за музичка уметност – рече министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Американка со српско потекло загина во пукање во болница во Чикаго
-
Крвав празник: За Денот на независноста воена состојба на улиците во Чикаго, 15 мртви
-
По успешното претставување во Чикаго: „Континуум“ на Игор Јосифов продолжува за Сан Франциско
-
Бостон со трета победа во низа стигна до меч топка против Чикаго, Вашингтон на чекор од полуфинале (видео)