| четврток, 6 декември 2018 |

Три премиерни изведби на првиот лиценциран мјузикл „Чикаго“ во МНТ

На 28, 29 и 30 декември во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се случат премиерните изведби  на првиот лиценциран мјузикл во Македонија „Чикаго“.

Kultura-2013-Otvaranje-na-Star-nov-dramski-teatar-21

Ова ќе биде втора грандиозна претстава за оваа година во МНТ по изведбата на „Мајсторот и Маргарита“ во режија на Иван Поповски.

Во мјузиклот учество имаат околу 70 актери, а е копродукција на Македонскиот народен театар и на Македонската опера и балет.

– Убедена сум дека на 28, 29 и 30 декември, сите заеднички ќе може да проследиме еден вистински музичко-сценски спектл, кој на сцената ќе понуди многу визуелни ефекти и повеќе од 70 талентирани театарски и музички изведувачи, балетски и оперски солисти од овие установи и од Факултетот за музичка уметност – рече министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top