| четврток, 6 декември 2018 |

Овации и громогласен аплауз за премиерата на Албански театар

Претставата, која со овој театарски чин првпат се претставува пред публиката во Македонија беше проследена со овации и громогласни аплаузи …

Албанскиот театар, синоќа на сцената на Македонскиот народен театар премиерно ја изведе Шекспировата трагедија „Магбет“, работена под режисерска палка на гостинката од Бугарија, Дијана Добрева.

На премиерното претставување Албанскиот театар го прослави и големиот јубилеј 65 години постоење. На свечениот чин присуствуваа голем број еминенти личности од владиниот врв, меѓу кои министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, државниот секретар Бехиџудин Шехаби, пратеничката Ермира Мехмети, како и голем број личности од македонската и албанската уметничка елита.

 

Претставата која со овој театарски чин првпат се претставува пред публиката во Македонија беше проследена со овации и громогласни аплаузи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top