Службата за безбедност на Украина (ССУ) приведе шест лица, меѓу кои тројца руси, во акција за неутрализирање на разузнавачка дејност, пренесоа агенциите, повикувајќи се на нејзината прес служба.
Останатите тројца уапсени се украински граѓани. Групата дејствувала во голем број украински градови, вклучувајќи го и главниот град Киев. Претресите во рамките на операцијата продолжуваат.
Само на една од адресите во Киев биле откриени осум рачно изработени бомби, четири килограми ТНТ, автоматско оружје, над 40 гранати, околу 2.000 куршуми, како и компоненти за експлозивни уреди и средства за уништување.
При апсењето еден од членовите на групата давал отпор и ранил двајца украински специјалци.
Киев постојано ја обвинува Москва дека ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина и дека се стреми да дестабилизира други украински региони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.