| четврток, 6 декември 2018 |

Сестрите Винчиќ и Милан Андов на мега изложбата „Флукс“ во Лондон

Највозбудливиот културно уметнички настан на годината во Лондон е мега изложбата Флукс, на која ке учествуваат повеќе од 100 светски познати и талентирани уметници. Меѓу учесниците ќе бидат претставени и делата на Сестрите Винчич и Милан Андов од Скопје. Настанот ќе се одвива во нај престижниот дел на Лондон, во дворецот на „Royal Collage of Art Kensington“. Настанот ќе биде проследен од медиумите во текот на целата изложба, која ќе трае од 10-14 декември.
Првиот ден изложбата ќе биде достапна само за приватни колекционери и љубители на уметност и се очекуваат околу 2000 посетители.
12308197_10153774654239137_814866534949680091_o
Организаторката и галеристка Лиса Греј е еден од членовите на жирито кое ги одбра делата на сестрите Винчич.
-Со својата уметност Д Винчич Систерс поттикнуват голема желба кај набљудувачот. Желба да се продлабочи во своите внатрешни мисли, цели и лични прашања со помош на истражување на уметноста. Во жирито бевме одушевени од волшебниот квалитет на нивната работа, богатството на бои и деталните приказни на платно. Нивните дела нè потсетија на чувството кое се добива гледајќи ја Алиса во земјата на чудата. Кога си вовлечен во светот на чуда и разбираш само поливина, толкуваш нешто ново при секој нов поглед. Нивните дела се пргави и исполнети со суреалистични и фантастични сказни кои те примамуваат и тераат да мислиш. Нивната уметност е имагинативна, мисловна и со цел потсвесното да излезе на површина, вели Греј.
12314031_10153774657414137_3328057461884992602_n
Гордана Винчиќ за „Република изјави:
-Пристигнав во Лондон неколку дена порано од самата изложба. Самиот град е исполнет со симболи кои се неопходни за инспирацијата на еден уметник. Тука имам и многу интересни пријатели. Еден од нив е Ендрју кој живее во ложата на Чартерхаус заедно со уште 80 други браќа. Местото е скриен бисер во централен Лондон и полно со приказни кои сведочат за постоењето на мистериите и претставуваат замки за успех.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top