Нема вистински одмор за најдобриот тенисер во светот, бидејќи помеѓу двете сезони тој не го испушта рекетот од рацете, а кога ќе снема партнер тука е секогаш неговата сопруга да се фати за рекет.
-Уживам во нашиот заеднички одмор, но сепак не можам да го испуштам рекетот од рацете – напишал Ѓоковиќ до фотографијата од него и Јелена.
Првиот настап во новата сезона Ѓоковиќ ќе го има на турнир во Доха кој почнува на 4 јануари.
А пред тренинг со сопругата Новак споделил и фотографија на здравиот оброк кој му претходи на напорните подготовки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.