| четврток, 6 декември 2018 |

Личните карти од насловната на „Фокус“ не биле употребени никогаш

Врз основна наредба на ЈО, обезбедена е писмена и електронска документација од ДИК, објави „Прес 24“. Извори за Прес24 велат дека од увидот во електронската документација утврдено е дека ниедна од 105-те фалсификувани лични карти не е употребена.
-Како што дознаваме со наредба на ЈО извршени се проверки и во правниот сообраќај кој се однесува на отварање на фирми и други деловни односи. Утврдено е дека ниедна од овие лични карти не е употребена и за таа намена, пишува Пресс 24.

Сега се отвора прашањето кој ги фалсификувал и со која намера, ако се знае дека паднаа во вода тврдењата на „Фокус“ и Оливер Спасовски дека биле употребени за избори.

Дали Фокус и Спасовски свесно биле дел од овој скандал и која била нивната улога?

ВМРО ДПМНЕ во повеќе наврати го повикуваше Спасовски да не молчи и да не се крие бидејќи Македонија заслужува фер избори без никаква дамка…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top