| четврток, 6 декември 2018 |

Мислата на нашето време

Проф. д-р Јованка Кепеска

Проф. д-р Јованка Кепеска

Помалку или повеќе луѓе сакаат да направат пресек на современото живеење. Да го промислат времето (епохата), големината на моќта и дали мислата е моќна да одговори на денешните прашања во светот. Или, како што се вели, состојбата да се обнови со помош на мислата. Или колку таа мисла, пред сѐ во филозофијата, е воопшто соодветна за актуелните случувања. Односно, колку политиката и политичката наука можат да ја обезбедат организацијата на животот во согласност со битот на техниката. Упатното мислење се однесува за битот на техничката епоха и за состојбата на нововековниот човек, како и за реално воспоставената општествена организација и политичка мисла. Прашањата што имаат планетарно значење еднакво се однесуваат и на западните и на источните од светот.

Кога се говори денес дека метафизиката е завршена, се поставува прашањето дали западноевропската мисла е сѐ уште актуелна за нашето време. Или, поточно, како притоа да се пристапи кон неа. Според филозофскиот метод, иако метафизиката е завршена, таа не е ништавна. Затоа што во филозофијата критичкиот однос кон материјалната и духовна стварност укинувањето значи и чување, а потоа и издигнување на содржината на повисоко ниво. Не е само повторување на едното исто во бескрај поради што прифатливата критика е таа што надминува со свест како да се доврши старата состојба според материјалните услови и сестрано сфатената практика.

Само во таква смисла, преку најзначајното во западно-европска филозофија може да се говори за пресвртот на битието што би можел да се случи. Надминувајќи го превидот на суштината на техниката во нововековниот субјективизам и нихилизам воедно надминувајќи ги антагонизмите што произлегуваат од општествените услови на животот на индивидуите произлезени од искористувачката и од потрошувачката карактеристика на општеството. Развојот е претпоставен во парадигматична смисла врз развојот на производствените сили врз наука и врз научната организација на производството. Впрочем, како што и е потребно, дејноста во сите сегменти од стварноста да бидат базирани врз знаење.

Затоа и останува „револуционерната“ суштина на капитализмот што ги развива производните сили и рационалната организација, покрај потребата од преобразбата на светот од старата во неговата нова форма. Како за „ново обликување“ на примарното на неговото повисоко ниво, како изведено од природата. Истовремено со потребата метафизиката да се навлечи до врвот на мислата, за да може да се изврши критиката и деструкцијата во целата своја длабочина.

Во таков контекст филозофијата е актуелна, со оглед на нејзиниот субјективизам и глобален нихилизам, означен како крај на филозофијата и се состои одговорот на прашањето дали сѐ уште има место за западноевропското мислење.

Ова говори дека и општеството и свеста и нејзините облици се подложни на критика за да се надмине хипостазираната свест на општеството, како надиндивидуална инстанција и осамостоена величина. Тоа говори за промена и на позицијата на знаењето како само за себе цел и надредена сила. Новиот однос бара да се создаде самосвесното дејствување. Како општествена сила на трудот А критиката да стане теориски свесна и одговорна практични, политички и етички за трансформацијата на општеството, стопанството. Критика што надминува со свест да ја довршува старата состојба, од тоа што постои во материјалните услови. А не морализаторска, од аспект на некакви фиксирани идеали. И критичка мисла ослободена од дескриптивност и како единство на официјалното и неофицијалното, јавното и приватното, индивидуалното и колективот. Далеку од манипулативните цели во преобразбата. Оттаму и потребата да работиме на подготвувањето на новообликуваната реалност.

Битен е и филозофскиот метод во минатото да не се гледа само како на пропаѓање или како на лошо сфатената иднина. Туку сметање со тоа што било и што е оптоварено со науката, како реална можност. Што ги резимира во себе сите содржајни тенденции на минатото, што не е минато само затоа што било, затоа што сѐ што било и денес е и утре ќе биде. Во ситуација кога постои пристап како десна критика при што кон минатото се гледа како на нешто што е поминато и исчезнато, наспроти на левата критика, идното да се претпостави како определена неминовност, која фактички уште не суштествува, а нема никогаш ни да биде. Или, како во центарот, што се апсолутизира сегашното како бирократска потреба да се задржи постојното, што фактички не е присутно.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top