| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ загуби, но не се посрамоти од евролигашот Цедевита

cedevita

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје не му цветаат рози во регионалната АБА лига оваа сезона. По променливиот старт во кој можеше да се забележи и некоја победа повеќе, избраниците на Алеш Пипан се во негативна серија од шест порази (вкупно девет), а последниот дојде на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ од екипата на Цедевита.
Истата приказна се одвиваше и на овој натпревар. МЗТ го имаше резултатот под контрола се до пред крајот на третата четвртина кога водеше и со највисока предност од 12 поени (50-38). Од тогаш како колата да тргна низ брдо Вељко Мршиќ побара тајмаут за да ги консолидара редовите, го врати во игра Миро Билан, а Пипан не најде лек за зонската одбрана на Цедевита која успеа да направи серија од 10-0 од втора или трета шанса по офанзивен скок.

cedevita 1

Резултатот остана „тесен“ се до самиот крај, кога Цедевита со поените на Араповиќ и на Бабиќ стигна со шест поени предност, осигурувајќи си ја победата изразена со конечни 70-65.
Најефикасен во редовите на „металците“ беше Ѓорѓе Дреновац кој уфрли 18 поени (четири тројки), четири скок и две украдени топки. Луковиќ реализираше 13 поени за македонскиот првак, еден повеќе од Мијатовиќ. За гостинскиот состав, најпрецизен беше Билан со 14 поени, додека Бабиќ го заврши мечот со 13 поени.

Следно на календарот на МЗТ Скопје во рамки на регионалната АБА лига е натпревар против Унион Олимпија од кои загубија во првото коло на гости (91-76), закажан за 12. демекври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top