| четврток, 6 декември 2018 |

Рано стасуваат, носат голема добивка

За разлика од интензивното производство на јагоди, производството на рани јагоди е наменето за локалните пазари, поради едноставноста при транспорт, малата конкуренција и недостигот од друго овошје во сезоната на берба. Производството на рани јагоди во април и во мај претставува добар потенцијал за заработка и за дополнување на буџетот на едно земјоделско семејство

Низ земјава постојат повеќе големи и мали производители на рани јагоди во пластеници. Големите производители своето производство го наменуваат за странските пазари. Малите производители, кои имаат до 0,2 ха површини под пластеници, можат своите производи да ги пласираат на локалните пазари во период кога нема други овошја по профитабилна цена што значително го освежуваат земјоделскиот буџет во период кога нема други приходи.

За производство на рани јагоди не се потребни дополнителни вештини, освен познавање на земјоделски технологии и мала инвестиција во пластеници, средства за заштита и наводнување. Постојат најразлични сорти јагоди, но сортите што најрано даваат плодови нудат конкурентна предност.

rani-jagodi-2

Јагодите имаат краток животен век, но предност е тоа што можат да се размножуваат преку делење, со тоа што поголемите садници се заменуваат со израстоци.

За разлика од интензивното производство на јагоди, производството на рани јагоди е наменето за локалните пазари, поради едноставноста при транспорт, малата конкуренција и недостигот од друго овошје во сезоната на берба.
Почетокот на април и мај и јуни се месеци во кои се сретнуваат поголемите верски и државни празници и се добра можност за продажба на јагодите во овој период. Цената најчесто зависи од цената на берзите, но и од локалните услови, односно присуството на друго овошје и од конкуренцијата. Наесен поради големата конкуренција од другото овошје се препорачува преработка на добиените производи и нивна продажба во вид на џемови и мармалади.

rani-jagodi-3

Генерално, јагодата успева секаде, но за најдобри приноси се препорачува садење во растресита почва богата со хумус или делумно песоклива почва. Бараат плодна почва каде што се одгледуваат со киселост pH 5,5 – 6,5 и повеќе од 10 мг пристапен фосфор. Се препорачува плодоред и промена на просторот со цел намалување на појавите од заразни болести и штетници.

За производство е потребно подигање пластеници (арматура и најлон) и најлон за покривање на корењата (црн, стабилизиран).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top