| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена изложбата “Современа македонска архитектура 1950-1995” во КИЦ во Софија

Во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија беше отворена изложбата “Современа македонска архитектура 1950-1995” реализирана во соработка со Асоцијацијата на архитектите на Македонија. Изложбата ја отворија директорот на Центарот Васко Шутаров а од име на Асоцијацијата Сања Раѓеновиќ Јовановиќ и претседателот на Архитектонската академија при Асоцијацијата на архитектите на Македонија, Александар Смилевски.
DSCN0717
На 25 паноа, на изложбата се преставени најзначајните архитектонски дела на 25 лауреати на наградата за животно дело од архитектурата “Андреја Дамјанов”.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија а изложбата ќе биде поставена во македонскиот Центар во Софија до крајот на месец декември.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top