Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Националната галерија на Македонија-Објект Мала Станица, вечерва ќе ја отворат „Годишна изложба“ на ДЛУМ. Изложбата ќе се оддржи на 04.12.2015 (петок) во 20 часот и се организира како настан по 62 пат, на која ќе бидат претставени дела на 70 автори-членови на Друштвото. Уметничкиот Совет на ДЛУМ по повод ревијалната „Годишна изложба“ на отворањето ќе додели признанија од областа на ликовната уметност, од кои најзначајни се наградите “Нерешки мајстори“ за сликарство и скулптура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.