На 3 декември во 18,30 часот, во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија ќе биде отворена изложбата со наслов “Современа македонска архитектура 1950-1995”. Изложбата која се организира во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), ќе ја отворат директорот на Центарот Васко Шутаров,Александар Смилевски-претседател на Архитектонската Академија при ААМ и Сања Раѓеновиќ Јовановиќ-претседател на ААМ. Изложбата е посветена на 25 архитекти-автори, членови на Архитектонската Академија при ААМ.
Архитектонската Академија на ААМ е институција во која членуваат архитекти, добитници на наградата за животно дело од областа на архитектурата и градителските вештини “Андреја Дамјанов.Наградата се доделува еднаш годишно на видни архитекти кои со своето дело, опус и авторитет постигнале врвни резултати во полето на архитектонското проектирање, градителство и урбанизам и со тоа придонеле за афирмација на архитектурата како во Р. Македонија, така и во меѓународни рамки. Наградата а воспоставена во 1989 година.
Изложбата е дел од годишната Програма за 2015 година на КИЦ во Софија, а проектот е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.