Премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во посета на Прилеп, каде што во Технолошко индустриската развојна зона ќе присуствува на одбележување на градбата на фабриката на компанијата Гентерм.
При престојот во Прилеп, соопшти владината служба за информирање, Груевски ќе присуствува и на пуштање во употреба објект со 76 станови за лица со социјален ризик и други ранливи групи и ќе има средба со жителите на населба Точила. Ќе посети и стадион на кој е поставена вештачка трева во Типската населба, ќе присуствува на отворање нова спортска сала во СОУ „Кузман Јосифовски Питу“ и на ново монтажно училиште ОУ „Круме Волнароски“, а ќе има средба и со жителите на село Беровци.
Премиерот Груевски ќе го посети и реконструираниот источен конак на манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.