| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Договор со Турција ќе внесе ред во миграцискиот поток

меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека договор меѓу ЕУ и Турција ќе помогне миграцискиот поток да биде ставен во правна рамка, наместо неконтролираниот прилив во моментот. ­ -Основен дел од тој план за дејствие меѓу ЕУ и Турција ќе биде како можеме да ја замениме илегалната миграција со легална миграција, како можеме да ја подобриме положбата на бегалците внатре во Турција- рече Меркел.

Претседателот на ЕК Жан­Клод Јункер исто така говореше пред средбата, истакнувајќи дека ЕУ треба да постигне договор со Турција за разрешување на имигациската криза. ­ Само ние заедно ќе можеме да ги запреме миграциските потоци. -Ни треба договор со Турција- рече Јункер.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече дека никаков договор со Турција нема да е доволен, за да Европа се справи со најтешката имиграциона криза по Втората светска војна, ако Унијата не ги контролира строго надворешните граници. ­ Без контрола на надворешните граници, Шенген ќе стане историја, рече Туск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top