| четврток, 6 декември 2018 |

Победете го „лажниот глад“, но без да консумирате храна

Diet. Dieting concept. Healthy Food. Beautiful Young Woman choos

Чувството на глад е една од причините поради која најчесто се откажуваме од здравата исхрана и диетата. За среќа, постојат трикови кои на природен начин многу брзо ја ублажуваат гладта, а сите ви се на дофат на рака.

Вода

Празниот желудник предизвикува глад кога му е потребно да се внесе храна, а и вода. Дехидрираниот организам исто така се огласува преку чувството за празен стомак, па би требало да се потрудите во текот на целиот ден да внесете што повеќе течности без разлика дали сте на диета или не.

Оваа навика е одлична од повеќе причини: покрај тоа што ќе изгубите некој килограм и ќе ги исфрлите штетните токсини, водата ќе ви го ублажи чувството на глад.

Вежбање

Било кој вид рекреација е најдоброто решение кога станува збор за слабеење, поради тоа што најмногу јадеме кога ни е досадно. Немојте да бидете мрзеливи и активирајте се – вежбањето ќе го забрза метаболизмот, ќе ја регулира телесната тежина, поттикнуваат подобра циркулација, па со самото тоа и ќе потисне лажно чувство на глад кој се јавува кога ништо не правиме.

Искреност

Најлошо нешто што можете да направите е ако планирате да ослабете е да јадете грицки помеѓу оброците, зошто така внесувате непотребни калории. Покрај тоа, понекогаш не сме ни свесни колку калории сме внеле со „ужината“ и затоа треба да бидеме искрени кон себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top