При запознавањето со состојбата на терен на јужната граница министерот за здравство Никола Тодоров, како раководител на управувачкиот комитет за справување со кризи заедно со заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков и со министерот за одбрана Зоран Јолевски го посетија собирниот центар каде се примаат бегалците.
Тие го посетија шаторот каде се сместени лицата кои имаат приоритет, односно мајките и децата и лицата со инвалидност. Во шаторите има и греење. Тодоров им се заблагодари на лицата за хуманата работа, а тие возратија дека се трудат колку што е можно истата подобро да ја завршат и да им помогнат на бегалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)