| четврток, 6 декември 2018 |

Министрите се запознаа со состојбата во собирниот центар за бегалците (Видео)

todorov-sator- migrantskiПри запознавањето со состојбата на терен на јужната граница министерот за здравство Никола Тодоров, како раководител на управувачкиот комитет за справување со кризи заедно со заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков и со министерот за одбрана Зоран Јолевски го посетија собирниот центар каде се примаат бегалците.

Тие го посетија шаторот каде се сместени лицата кои имаат приоритет, односно мајките и децата и лицата со инвалидност. Во шаторите има и греење. Тодоров им се заблагодари на лицата за хуманата работа, а тие возратија дека се трудат колку што е можно истата подобро да ја завршат и да им помогнат на бегалците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top