Според најновите информации, два цивила и еден полицаец загинаа, а девет се повредени, кога вооружен напаѓач отвори оган во Центарот за планирање семејство во американската држава Колорадо.
Претходно беше соопштено дека во инцидентот се повредени 11 лица.
Во меѓувреме, напаѓачот и се предаде на полицијата, соопштија официјални извори.
– Напаѓачот е уапсен. Ситуацијата е разрешена, рече градоначалникот на Колорадо спрингс, Џон Сатерс.
Тој кажа оти сега нема никаква безбедносна закана за граѓаните, но оти по инцидентот останало „огромно место на злосторството“, кое е неопходно да се истражи.
Полицијата наведе оти не е познат мотивот на напаѓачот, како и тоа дали тој на некој начин е поврзан со центарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.