| четврток, 6 декември 2018 |

Неколкумина ранети при напад во близина на болница во Колорадо

kolorado
Неколу лица се повредени денеска кога маж, кој носел ловечка капа, стрелал од огнено оружје во близина на една болница во градот Колорадо Спрингс во американската сојузна држава Колорадо.

Како што јави ДПА, претставник на локалната полиција соопшти дека при инцидентот се застрелани двајца полицајци, меѓутоа според електронското издание на весникот „Колорадо Спрингс Газет“, полициски радио диспечер јавил дека при нападот се ранети четити лица.

Реонот околу местото на инцидентот е блокиран од поголем број полицајци кои стојат со оружјата вперени кон болницата.

Инцидентот се случил нешто по 12 часот по локално време (20 часот по средноевропско време).
Претходно, претставник на локалната полиција за Си-Ен-Ен изјави дека не се знае точно дали на местото на инцидентот има заложници.

Болницата околу која се случува инцидентот порано оваа година беше вмешана во скандал, откако беше објавено тајно снимено видео на кое претставници на клиниката разговараат за контроверзна продажба на ткива од абортирани фетуси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top