| четврток, 6 декември 2018 |

Моето дете уби 12 деца. Ова е мојата вистина

Америка, но и остатокот од светот, уште долго ќе се сеќаваат ана едно од најголемите злосторства кое се случи пред 17 години во средно училиште во гратчето Колумбајн во Колорадо, кофа двајца тинејџери подмолно убија 12 ученици и еден наставник.

Првпат од злосторството, по 17 години, мајката на едниот од напаѓачите одлучи да проговори за деталите на оваа трагедија. Сју Клеболд, мајката на Дилан Клеболд, кој заедно со Ерик Харисон на 20 април 1999 година изврши масакр и уби 13 луѓе, гостуваше во емисијата Кирсти Ворк на Би-Би-Си.

kolombajn-2

„Најтешко е да се разбере дека децата убиваат деца“ е реченицата која е врежана на споменикот подигнат по трагедијата. Овој споменик им одава почит на загинатите ученици и наставникот кој загина обидувајќи се да ги заштити. Сју вели дека често оди таму и дека во својата глава разговара со жртвите.

„Само сакам да знаат дека често мислам на нив. Секогаш ќе мислам на нив“, вели таа.

Последните 17 години секојдневно живее со фактот дека нејзиниот сакан син извршил гнасно злосторство, но се соочува и со неговото самоубиство што го изврши непосредно по масакрот.

kolombajn

Првпат го изнела својот став во книгата „Осудата на мајката“. Приходот од книгата ќе го уплати во добротворни цели за лекување ментални болести.

Сју и нејзиниот сопруг дури по масакрот дознале дека нивниот син две години се борел со самоубиствени идеи и оттогаш е решена да им помогне на родителите чии деца се наоѓаат во слична ситуација.

„Не одиш ти никаде, седни да разговараме“

Во разговорот Сју се сеќава на утрото на масакрот и се обидела да објасни што се случило тогаш, зашто долго ги порекнувала вистинските причини. Пред разденување Дилан претрчал пред спалната на родителите и се стрчал по скалите надолу шепнувајќи збогум.

Долго по злосторството не сакала да се помири со фактот дека нејзиниот син е убиец, но кога по 6 месеци го добила извештајот од полиција, тоа станало неминовно. Во книгата пишува дека за остатокот од светот најдобро ќе било Дилан воопшто да не се родел, но не и за неа.

Иако ѝ е тешко да зборува за безусловната љубов кон синот, тврди дека искуството што го стекнала одгледувајќи го и сакајќи го својот син е најубавото чувство што го почувствувала во животот. Од неговата смрт упорно се обидува да разбере која е причината за оваа ужасна трагедија.

На прашањето што мисли дека требало да направи утрото на денот на масакрот, Сју одговори: „Сакам тогаш да го кутнев на земи и да му речам: Не одиш ти никаде, седни да разговараме“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top