Властите во Оклахома и Небраска пред две години поднесоа жалба против Колорадо пред Врховниот суд на САД , тврдејќи дека легализирањето на канабисот во оваа соседна држава им нанесува штета.
– Колорадо отвори опасна пукнатина во федералниот систем за контрола на наркотиците, утврден од Конгресот. Благодарение да таа пукнатина, марихуаната навлегува во соседните земји и ги компромитира нивните забрани за продажба и употреба на дрогата, се наведува во жалбата, напишана на 83 страници.
Колорадо е првата држава која во јануари 2014 година ја легализира употребата на марихуана за забава, откако претходно овој наркотик беше дозволен само за медицински цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.