| четврток, 6 декември 2018 |

Чоколадото „Северина и Игор” направи хаос во Хрватска

61080688-severina-vuckovic-igor-kojic
Претседателите на Здружението на родители на деца со посебни потреби од Хрватска „Барањски пеперутки” направиле хаос во Хрватска откако се појавило чоколадото “Северина и Игор”. Причина за револт бил фактот што тие во неколку наврати се обратиле до фабриката „Звечево” за донација, но никој не им одговарал, а за свадбата на пејачката и на Кеба малиот направиле 600 чоколади со специјално дизајнирано пакување на кое пишува „Северина и Игор”.

-Северина е добра реклама, а нашите деца се небитни, рекол директорот на здружението и повикал на бојкот на производите на „Звечево”.

Од компанијата реагирале на обвинувањата наведувајќи дека на годишно ниво одговараат на безброј барања и дека е логично некого да изостават.ж
– Работиме со полна пареа и не сметаме дека би требало јавно да зборваме за нашите донации. Логично е некој да биде изоставен од донациите во одреден период, одговориле од компанијата и рекле дека се шокирани од здружението.
severina i igor

Севе и нејзиниот сопруг засега се без коментар и, веројатно, уживаат во своите 600 чоколади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top