Уште еден осомничен џихадист од земјава заврши во притвор. Се работи за Саити Р. од Скопје по кого полицијата има распишано потерница и се бара за кривично дело „тероризам“. Тој е поврзан со осомничената група во акцијата „Ќелија“. Алфа објави дека 21 годишникот бил приведен на 25 месецов во полициската станица Карпош.
Според сознанијата тој бил припадник на Исламската Држава, прв пат заминал во Сирија во 2013 година. Набрзо се вратил во Македонија, а во октомври лани повторно нелегално отишол во Сирија да се бори на страна на џихадистите.
Пред неколку недели се вратил во земјава. по што полицијата брзо го лоцирала и уапсила.
Инаку, акцијата “Ќелија” полициските специјалци ја спроведоа на почетокот на август. При претресот на над 20 објекти беа приведени повеќе лица за кои има основани сомненија дека во земјава формирале ќелии на озогласена Исламска Држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Приведените борци на ИСИС, МВР ги превзела на скопскиот аеродром
-
Затворскиот цимер на Игор Рамбо открива: Правеше по 5000 стомачни на ден, може живи да ве одере
-
„Алкатраз во Карпестите Планини“: Од овој затвор никој не избегал, ниту ќе избега
-
Радост, насмевки, честитање – џихадист слави што ќе се разнесе со бомба (ВИДЕО)