Во рамките на петтото издание на Неделата на дизајн во Скопје беше промовирана и иницијатавата “Добар проект”. “Добар проект” има за цел да истакнува проекти кои ќе им помогнат на исклучително талентираните деца во Македонија да ги остварат своите потреби за надградба, учества во натпревари и усовршувања.
Прв добар проект е 10 годишниот Милан Дучевски, пијанист, добитник на шест први награди кој заедно со својот ментор, Маја Стојановиќ од Пијано Форте треба да отпатуваат на европското првенство во Италија во април, следната година. За таа цел, потребно е да собереме 3.500 евра сè со цел овој добар проект да го наречеме – успешен.
Целата иницијатива ја започна и ќе ја поддржува агенцијата за односи со јавност – Навигаторс, кои постојано ќе трагаат по добри проекти и ќе ги презентираат пред јавноста.
– Сакаме да создадеме навика кај фирмите, но и кај нас лично, секогаш да донираме на оваа платформа, а сите информации ќе бидат објавувани на www.dobarproekt.mk и на фејсбук страната – изјави Нена Гиевска, проект менаџер на „Добар Проект”.
Талентираните деца во Македонија бараат анагажираност од сите нас и затоа очекуваме да се вклучат голем број на граѓани. Тоа се ретки исклучоци и затоа им е потребна дополнителна нега и внимание. Дизајнот на веб страницата го овозможи агенцијата за дигитален маркетинг – Перфект.
ДОНИРАЈ ЗА МИЛАН ДУЧЕВСКИ
Трансакциона сметка: 530-5000194269-23 – Охридска Банка АД – Скопје
ЕМБГ: 1508005450001
Дознака: Донација за развој на млади таленти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Пастело“ е избран за Најдобар млад бренд на Неделата на дизајн во Скопје
-
Георги Шаревски, џез-гитарист: Имам среќа да соработувам со постари и поискусни музичари од мене, што ме научи да бидам понизен и благодарен
-
Васил Хаџиманов гостин на Недела на дизајн во Скопје со промоција на албумот „Alive“
-
Александар Велиновски, СДВ: Станавме најпопуларна дизајнерска платформа во регионот