Центарот за јавно здравје во Прилеп има регистрирано три ново заболени лица од ХИВ. Две лица се регистирани во 2014 година, а едно во текот на годината
Сите се од машки пол и се на возраст од 20 до 29 години информира д-р Гоце Ингилизов, директор на Центарот за јавно здравје.
Тестирањето на ХИВ треба да биде дел од одговорното однесување на секој поединец, бидејќи со откривањето на ХИВ и лекувањето се намалува можноста за пренесување на други. Токму затоа од први декмври почнува иницијатива за подигнување на свеста кај младите и ризични групи за личната, фамилијарната и за општествената важност при инфицирање од ХИВ и заболување од Хепатит Б и Ц. Наредниов период ќе ги посетиме сите средни училишта и повеќето институции што имаат контакт со ризичните групи, ќе оствариме контакт со што повеќе млади лица за да ги запознаеме со начините на пренесување, симптомите, начинот на заштита, факторите на ризик и епидемиолошките последици од овие болести – вели доктор Ингилизов.
Инаку, во Прилеп од 1987 година до денес вкупно се регистрирани 11 случаи на ХИВ – сида, од кои поголемиот дел се починати. По подолг период, по 10 години се појавуваат новите три случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.