Секоја сезона модните куќи се натпреваруваат чија чанта ќе биде не само најпродавана, туку и најскапа. На ниту една досега не ѝ успеало да ја симне од тронот култната чанта на „Биркин“, на која и понатаму ѝ е загрозено славното имет по тужбата од француската актерка Биркин, која побарала чантата веќе да не го носи нејзиното име.
Оваа недела француската престижна куќа „Луј Витон“ ја претстави својата екстравагантна убавица. Култната марка одлучи пред почетокот на божикните и новогодишните празници да ја покаже најскапата чанта во историјата на оваа марка. Станува збор за чанта од крокодилска кожа во боја на шампањско и ванила.
Чантата чини 55.500 долари. Има класична форма, со кратки рачки и со златен катанец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.