Полскиот интернационалец во редовите на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ги негираше гласините дека има големи несогласувања со Арјен Робен по што управата на клубот за мир во соблекувалната ќе мора еден од овие играчи да продаде на крајот од сезоната. Англиските медиуми тврдат дека Робен токму поради конфликтите со полскиот голгетер би сакал да се пресели во Манчестер јунајтед, но Левандовски ги демантираше ваквите шпекулации.
– Не пијам кафе со Арјен Робен, но ние не се мразиме, тоа е така затоа што по тренинзите тој секогаш настојува побрзо да си оди дома кај своето семејство. Да се прави скандал и измислување за некои наши несогласувања е апсолутно безмислено. Вистината е дека не постоеше конкретен конфликт, секој од нас си има свој карактер, свои размислувања, но целосно сме потчинети на исполнување на клупските амбиции. Секако дека кога некој нема да ти подаде два-три пати на еден натпревар ќе бидеш нервозен, но затоа постои соблекувалната, за проблемите да се разрешат – изјави Левандовски за полските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.