Баерн Минхен синоќа го победи Бешикташ со 5-0 во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони, но Арјен Робен беше бесен по натпреварот.
На искусниот Холанѓанец не му се допадна тоа што го почна натпреварот на „Алијанц Арена“ на клупата за резерви.
– Ако кажам како се чувствувам сега, утре ќе бидам во канцеларијата на Румениге, изјави Робен за „Скај“ по мечот.
Тренерот Јуп Хајнкес кажа дека ја разбира нервозата на играчот, но додаде: „Јас само го правам она што мислам дека е најдобро за тимот и тоа мора сите да го прифатат“. Робен влезе во игра во 44. минута на местото на Хамес Родригез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.