По поразот од Задар на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ тренерот на македонскиот шампион МЗТ Скопје, Алеш Пипан најави дека на екипата и е потребен „ремонт“ по серијата на лоши резултати во АБА лигата.
Прв за острел словенечкиот стручњак го одреди македонскиот репрезентативец Марко Симоновски кој си заминува од клубот по спогодбен раскин на договорот за прекин на соработката.
Бекот имаше релативно слаб учинок во јадранската лига, а по повредата на последните неколку натпревари не му беше на располагање на тренерот Алеш Пипан. Со оглед на тоа дека на четирикратниот првак му следат два тешки натпревари во Јадранската лига, против Тајфун и Цедевита, на „металците“ сигурно ќе им следат уште неколку промени во ростерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.