Трудните кои се здравствено осигурани од први декември годинава имаат право на бесплатни гинеколошки и микробиолошки прегледи и биохемиски анализи, а овие услуги од први јануари следната година, вклучувајќи го и породувањето, бесплатно ќе може да ги добијат и жените без здравствено осигурување.
Ова се мерките на Министерството за здравство за да се намали смртноста на доенчињата и мајките.
Д-р Јованка Костовска, државен советник за превнтивна здравствена заштита во Министерството за здравство објасни дека ќе ги информираат сите здравствени установи да не наплаќаат партиципација, а за овие пари да се обраќаат до Министерството за здравство, кое ќе ги обезбеди од сопствениот буџет.
– Од јануари 2016 година бремените жени, кои немаат здравствено осигурување, ќе бидат целосно ослободени од сите прегледи и партиципации кај гинеколог и породување – рече Костовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.