На парцела од 1.617 квадратни метри во Прилеп се гради трговски центар „Сити центар“, кој ќе биде објект од затворен тип во кој 12 месеци ќе има греење, а има и вентилација и климатизација.
На простор од 1.617 квадратни метри е предвидена изградба и на визба, приземје и два ката.
Во соопштението на Општина Прилеп се вели:
„Трговскиот центар ќе претставува објект од затворен тип со комплетно решена вентилација, климатизација, греење, кое ќе функционира 12 месеци во годината. Парцелата е со големина од 1.617 квадратни метри и на истата парцела е предвидена изградба на визба, приземје и два ката.
Се предвидува паркирање за околу 150 возила во соодветен паркинг-простор со можност за дотур на стока до сите нивоа во објектот. Предвидени се дуќани, канцеларии, кафетерии и продавници на познати марки.
Со овој проект се добиваат нови естетски вредности во самиот центар на градот, со што ќе добиеме објект кој со своето надворешно обликување наликува на типична современа и елитна архитектура.
Со изградбата на овој објект и негово пуштање во функција, градот ќе добие нови 250 вработувања.
Овој трговско-деловен објект, заедно со постоечките трговски содржини во градот, ќе го внесат нашиот град на картата на најпосетувани места во нашата земја“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.