| четврток, 6 декември 2018 |

Пилотот пристигна во руската база жив и здрав

Еден од двајцата пилоти кои се катапултираа од рускиот авион, што го собори турската војска, го спасија сириските и руските сили и тој е сега безбеден, изјави денеска министерот за одбрана Сергеј Шојгу. ­

Военнослужащие РФ на базе "Хмеймим" в Сирии

 

– Операцијата заврши успешно. Пилотот е доведен во нашата база. Жив и здрав – нагласи рускиот министер за одбрана.

Тој истакна дека операцијата за спасување траела 12 часа и им се заблагодари на сите кои цела ноќ работеле на тоа, со големи ризици.

Другиот пилот е повреден додека се спуштал авионот, а потоа е убиен од страна на џихадистите во регионот, изјави денеска рускиот амбасадор во Франција, Александар Орлов. ­

Кога авионот е соборен, двата пилоти се катапултирале од леталото, од кои едниот најпрво е повреден кога се спуштил со падобранот, а потоа на земја дивјачки е убиен од страна на џихадистите од регионот, рече Орлов во изјава за радио „Ероп 1“.

Турција вчера наутро собори руски воен авион на границата со Сирија бидејќи, како што тврди турската војска, го повредил воздушниот простор на Турција иако повеќепати бил предупреден, додека руското Министерство за одбрана истакнува дека рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top