Најдобриот тенсиер на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ оваа сезона ја заврши на импресивен начин со победа на завршниот мастерс турнир во Лондон. Тој имаше импресивна година со 11 освоени турнири а дури на 15 играше во финалето. Сезоната на заврши со само шест порази и дури 82 победи. Но, освен бројките од турнирите зад неговото име, тој успеа да го сруши и рекордот по заработувачка.
Со дополнителниот бонус што го доделува АТП, сумата што ја заработи Србинот изнесува 21,646 милиони долари, со што го сруши рекордот на Рафаел Надал од 2013 година, кој „тежеше“ 14,570 милиони долари. Заедно оваа година Надал, Федерер и Мареј имаат заработено помалку од Новак Ѓоковиќ.
Во последните две сезони, Ѓоковиќ заработил вкупно 35,896 милиони долари, а неговата вкупно заработка досега изнесува 94,050 милиони долари, што е приближно до рекордот на Роже Федерер од 97,303милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.