| четврток, 6 декември 2018 |

Диета со лимон – за две недели, десет килограми помалку

Диетата со лимон ги топи килограмите и мастите, но, исто така, го зајакнува телото и ги прочистува крвта и лимфата.

Многу професионални нутриционисти тврдат дека лимонот ги содржи сите потребни елементи за да се намали масното ткиво, а со тоа и да се ослабе.

Постојат многу различни витамини кои се наоѓаат во лимонот вклучувајќи го и витаминот Ц, кој го зајакнува имунолошкиот систем, а исто така е важен фактор во процесот на слабеење. Целиот лимон е неверојатно овошје со кое може да се прочисти вашето тело, да се прочисти крвта и лимфата, да се забрза метаболизмот.

Диетата со лимон е многу едноставна: секое утро пред појадок пијте ја следната количина од лимонов сок измешан со вода:

     Ден 1: сок од 1 лимон измешан со 1 чаша вода.
Ден 2: сок од 2 лимона се меша со 2 чаши вода.
Ден 3: сок од 3 лимони се меша со 3 чаши вода.
Ден 4: сок од 4 лимони измешан со 4 чаши вода.
Ден 5: сок од 5 лимони измешан со 5 чаши вода.
Ден 6: сок од 6 лимони се меша со 6 чаши вода.
Ден 7: сок од 3 лимони се меша со 10 чаши вода. Додајте 1 лажица мед и пијте ја смесата во текот на денот.

Ден 8: сок од 6 лимони се меша со 6 чаши вода.
Ден 9: сок од 5 лимони се меша со 5 чаши вода.
Ден 10: сок од 4 лимони се меша со 4 чаши вода.
Ден 11: сок од 3 лимони се меша со 3 чаши вода.
Ден 12: сок од 2 лимона се меша со 2 чаши вода.
Ден 13: сок од 1 лимон измешан со 1 чаша вода.
Ден 14: сок од 3 лимони се меша со 10 чаши вода. Додајте 1 лажица мед и пијте ја смесата во текот на денот.

Совет: Исплакнете ја устата со вода веднаш по пиењето на сок од лимон за да се спречи оштетување на емајлот од забите поради лимонската киселина.

Забелешка: Најдобро е целата количина да се испие одеднаш. Но, доколку не можете целата количина да ја испиете, испијте колку можете, па остатокот оставете го за подоцна. Важно е да се пие лимонадата најмалку еден час пред јадење.

Оваа диета не се препорачува за луѓе со гастроинтестинални проблеми!

Јадете пет мали оброци, но навистина мали, не прејадувајте се, не јадете тестенини или бел леб. Заборавете на газираните пијалаци, засладени пијалоци и алкохол, закуски, чипсови и смоки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top