Фернандо Алонсо е оптимист и продолжува да верува во иднината на Мекларен и нивниот технолошки партнер Хонда. Според Шпанецот идеите на јапонскиот производител на мотори се многу различни од оние на нивните конкуренти и ако функционираат, тимот ќе биде многу силен уште следната година.
– Поинаков пристап може да биде слабост или победничка формула. Јас сакам да верувам дека кај Хонда станува збор за победничка формула – се надева Фернандо.
– Ако функционираат нивните идеи за тоа како треба да работи турбо моторот и успееме да ги доразвиеме, убеден сум дека ќе станеме многу силни уште следната година. Полесно можете да го копирате она што го прават во моментов од Мерцедес, во споредба со проектот на Хонда – заврши шпанецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.