Поминаа две години од последната пол-позиција на Дани Падроса, кој на патеката Сепанг во Малезија стартуваше од првото место. Денеска, шпанскиот пилот на Хонда со време од 1.38,249 минити во голема борба со клупскиот колега Марк Маркез победи на квалификациите за утрешната трка на домашен терен со минимална предност од само 49 илјадити делови од секундата.
На третото место се пласираше Кал Крачлоу, додека Маверик Вињалес со својата Јамаха утре ќе стартува од четвртата позиција. Минатогодишните клупски колеги, Валентино Роси и Хорхе Лоренцо ќе стартуваат еден до друг, односно од седмото и осмото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Последно коло квалификации за Лига Европа: Вардар денес против Фенербахче, Шкендија му гостува на Милан
-
Вечерва ја бодриме Македонија: Кошаркарите против Косово ги започнуваат квалификациите за СП
-
Работнички ќе игра во квалификациите за ФИБА Европа Купот
-
Валтери Ботас од пол-позицијата ќе ја стартува утрешната трка за ГН на Австрија