| четврток, 6 декември 2018 |

Алонсо го нападна својот тим: Ако нешто не се смени, годинава ќе биде најбавни

fernando alonso

За две недели започнува новата сезона во Формула 1 шампионатот, а Фернандо Алонсо повторно има слаб болид, поради што не се очекува да се бори за титулата.

Искусниот 35-годишен шпански пилот е незадоволен од моторот на новиот Мекларен, кој се чини е еден од најлошите меѓу сите екипи. Шпанецот го загуби трпението и ги нападна челниците на екипата:

– Имаме само еден проблем, а тоа е моторот. На правците сме за 30км. побавни од останатите екипи. Во тимот сите сме спремни за победи, освен Хонда. Очекувам брза реакција, бидејќи нашите очекувања не се исполнети. Но, сепак ова се зимски тестови и има време за реакции. Во овој момент, сепак не можам да кажам дека сум среќен со тоа како работите се одвиваат – вели Алонсо.

Двократниот светски шампион во очите на многумина е најталентираниот пилот во Формула 1, кој поради лошата екипа не може да се бори за повисок пласман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top